Катар ја одбрани титулата шампион на Азија, откако во финалето пред своите навивачи на стадионот Лусаил го совлада Јордан со 3:1.
Катар сите три гола ги постигна од пенали, а херој на победата беше Акрам Афиф.
Напаѓачот на Ал Сад трипати не згреши од белата точка, во 22., 73. и четврта минута од судиското надополнување, а головите ги прослави на интересен начин, со трик со карти.
Турнирот заврши со вкупно осум погодоци.
Јордан успеа да израмни со голот на Ал-Наимат во 67. минута, но тоа не беше доволно за да стигне до титулата. Сепак ова е нивниот најголем успех во историјата, бидејќи нивниот најдобар резултат досега беше четвртфиналето.
Катар е првата селекција по Јапонија (2000 и 2004 година) која ја одбрани титулата азиски шампион.
Пред пет години во финалето ги совладаа Јапонците со идентичен резултат 3:1.