Top Sport

(Видео) „Тројката“ на Реал во Сантандер

Фудбалерите на Реал Мадрид победија во Сантандер, кај Расинг со 3:0 во 11-то коло од Ла Лига.

И овој натпревар на Реал, по сè што се беше видено, ќе биде под лупа на јавноста. Иако малкумина можат да ја оспорат победата на Реал Мадрид, ќе има и такви кои ќе го оспорат пеналот досуден за гостите во 11-та минута.

Тогаш Мбапе, се чини, падна премногу театрално во шеснаесетникот на Расинг. Дефанзивецот на домашниот тим отиде кон Французинот со раката, но не изгледаше дека го собори напаѓачот на Реал со тој потег.

Мбапе сепак го натера судијата да повреува дека имало недозволен контакт.

Набрзо, Мбапе го реализира пеналот. Предноста на Реал беше удвоена од Белингам, по асистенција на Гулер во 21-та минута, а кога Диоманде го постигна третиот гол во 36-та минута, на сите на стадионот им беше јасно дека натпреварот е решен.

Во продолжението се случи уште еден спорен момент по кој судијата повторно донесе одлука на штета на Расинг. Чуамени, имено, играше со рака во својот шеснаесетник, беше во дуел со противнички играч, и се чинеше дека Расинг ќе успее да го пробие ѕидот на тимот на Мурињо од пенал.

Сепак, ВАР интервенираше, следеше преглед на спорната ситуација и одлуката беше променета – тимот од Сантандер не доби пенал.

Со победата, Реал повторно се приближи до Барселона само за три бода.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');