ПСЖ, во саботата, го декласира Интер во финалето на Лигата на шампионите и стана европски шампион за прв пат во историјата. Со победата во финалето, францускиот гигант заокружи совршена сезона во која ја освои тројната круна.
Играчите на ПСЖ, особено импресионираа во Минхен, со најубедливата победа во финалните натпревари во историјата на Купот/Лигата на шампионите. „Светците“ го победија Интер со 5:0.
Херој беше брилијантниот 19-годишник, Дезире Дуе, кој асистираше за првиот гол, а потоа ги постигна следните два за ПСЖ.
Денес, Дуе е апсолутна фудбалска сензација и еден од најбараните млади играчи во светот, а малкумина очекуваа таков настап од напаѓачот кој беше донесен од Рен минатото лето за 50 милиони евра.
Еден од оние што го предвидоа ова е новинарот на „Лекип“ и експертот на „Гардијан“, Филип Уклер.
На почетокот на сезоната, Уклер даде многу смело предвидување. Кога Килијан Мбапе се пресели во Реал Мадрид, новинарот инсистираше дека ПСЖ не изгубил премногу со заминувањето на нивниот најдобар играч.
Покрај тоа, во еден подкаст тој рече дека Дуе е поопасен, помлад и погладен и дека верува дека тимот ќе биде подобар со него.
Поради ова изјава, тој доби жестоки критики и навреди, па дури и навивачите на ПСЖ напишаа дека тој го кажува ова само за да служи како ПР на клубот.
🗣️ "The luck is Mbappé went to Real Madrid."
🗣️ "Désiré Doué is a more complete footballer than Mbappé was at the same age."
Philippe Auclair looks at how PSG have been transformed under Luis Enrique.
Indo Sport podcast: https://t.co/sCRy9Wiggd pic.twitter.com/1EUTGRd2DY
— Irish Independent Sport (@IndoSport) May 29, 2025
Дуе буквално експлодираше во својата дебитантска сезона во дресот на „светците“ со 15 гола и 16 асистенции во 54 натпревари.
Од нив, пет гола и четири асистенции во Лигата на шампионите, со особено импресивен беше неговиот настап во финалето.
Нешто помалку од една година подоцна, јасно е дека Уклер бил апсолутно во право, а тие предвидувања се паметат на социјалната мрежа „X“, каде што навивачите масовно се извинуваат и му оддаваат почит што предвидел дека сезоната на ПСЖ ќе има ваков тек.