Фудбалската репрезетација на Македонија со победа се враќа од Астана. Македонија го победи Казахстан со 1:0. По четири одиграни натпревари Македонија има осум поени. Вечерва во нашата група во дербиот играат Белгија и Велс.
Без селекторот Благоја Милевски, кој го пропушти мечот поради суспензија, Македонија ја оствари целта во Казахстан.
Решавачкиот момент се случи во 33.минута кога Трајковски постигна убав гол.
Казахстанците двапати ја погодија рамката на голманот, Максим Самородов во 58-та минута (греда) и 16-годишниот Дастан Сатпаев во 86-та минута (статива).