Top Sport

(Видео) Црвена звезда го доби вечното српско дерби

Фудбалерите на Црвена звезда го победија Партизан со 2:1, во 177-то „вечно“ дерби одиграно во рамките на деветтото коло од српската Суперлига.

По петти пат по ред во домашното првенство, а вкупно шести, црвено-белите ги надиграа своите ривали и со тоа уште еднаш ја потврдија, во овој момент, својата доминација во српскиот фудбал. Прв пат од 1974 година Црвенз звезда успеа два пати по ред да победи на теренот на најголемиот ривал. Минатата сезона црвено-белите славеа со 4:0.

Дербито донесе добар фудбал, двата тима играа на моменти во исклучително добар ритам, на крајот пресуди квалитетот и сикуството на српскиот првак. Особено Звезда беше сигурна во првиот дел и покрај тоа што Партизан при 0:0 имаше добра шанса за гол.

Словенецот Тими Макс Елшник го отвори резултатот во 27-та минута. Вториот гол е дело на Немања Радоњиќ по еден час игра, по првиот допир со топката откако влезе на теренот.

Откако не искористи шанса да го реши мечот, Црвена звезда прими гол, во 74-та минута погоди Милошевиќ. До крајот една голема шанса за Партизан и две за Звезда, но резултатот остана 1:2.

Црвенз звезда е лидер со максимални седум победи и натпревар помалку, Партизан е втор со 19 поени.

Foto/ Starsport/Srđan Stevanović

Scroll to Top