Top Sport

(Видео) Црвена звезда го растури Штутгарт, Џирона со Миовски падна во Грац

Црвена звезда и Штурм Грац ги забележаа првите победу оваа сезона во Лигата на шампионите. Џирона со Бојан Миовски доживеа (не)очекуван пораз во Штурм (1:0), а Црвена звезда го декласира Штутгарт во Белград (5:1).

На „Рајко Митиќ“ во Белград 40.000 гледачи видоа рапсодија на црвено-белиот тим. Српскиот првак го декласира германскиот вице-шампион со 5:1.

Не почна добро натпреварот за домашниот тим, Демировиќ му донесе предност на Штутгарт во петтата минута и тоа беше се од „швабите“ на овој натпревар.

Играчот на Штутгарт, на позајмица во Црвена звезда, Силас, во 12.минута по соло акција изедначи. Целосен пресврт домаќинот направи во 31.минута кога Круниќ го совлада Нибел.

Во вториот дел Црвена звезда ги затвори приодите кон својот гол и го уништи Штутгарт од контра напади. Постигнаа три гола, а можеа уште толку.

Иваниќ погоди за 3:1, а точка на мечот стави Радоњиќ со два гола.

Штурм во Грац ја забележа историската прва победа во ЛШ. Австрискиот првак ја победи Џирона со 1:0. Натпреварот го реши Бирет со голот во 59.минута. Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски го започна мечот на теренот беше до 67.минута.

Scroll to Top