Фудбалските репрезентации на Турција и Шведска успеаја да ги победата селекциите на Косово, односно Полска и да се квалификуваат за Светското првенство во 2026 година во Канада, САД и Мексико.
Селекцијата на Косово беше поразена во Приштина од турската репрезентација со 0:1. Стрелец на единствениот гол на стадионот „Фадиљ Вокри“ беше Керем Актуркоглу во 53-та минута.
Турција на СП ќе биде во групата Д, каде што ги чекаат САД, Парагвај и Австралија.
Во вистински трилер, во Солна, Швеѓаните водеа двапати, Полјаците се враќаа два пати, но потклекнаа во финишот кога Виктор Ѓекереш стана херој со голот за 3:2.
Шведска на Мундијалот ќе игра во Ф групата против Холандија, Јапонија и Тунис за ривали во групата Ф.
