Top Sport

(Видео) Уапсен навивачот кој го нападнал Рој Кин, Мајка Ричардс во негова одбрана

42-годишен маж е уапсен како дел од истрагата во физичкиот напа над Рој Кин по 3:1 победата на Арсенал над Манчестер јунајтед на стадионот „Емирати“, откако на социјалните мрежи се појави снимка на која Кин и Мајка Ричардс, кои работеа како коментатори на „Скај спортс“ се вклучени во турканица.

„Во понеделникот, 42-годишен маж е уапсен за сомнеж за физички напад. Истрагата продолжува“, се вели во објавата на полицијата во Лондон.

Според присутните на инцидентот, човекот го удрил Кин со глава, по што Ричардс се обидел да се пресмета со него, а 52-годишниот Кин се обидуваше да го смири својот колега.

Scroll to Top