Top Sport

(Видео) Убедливи победи на Баерн, Манчестер Јунајтед и Комо, Ланс во трилер завршница победи во Прага

Убедливите победи на Баерн, манчестер Јунајтед и Комо и трилер мечот во Прага меѓу Славија и Ленс, го затворија првото коло во Лигата на шампионите.

Баерн и Манчестер Јунајтед ги оправдаа фаворитските улоги против Боде/Глимнт, односно дебитантот Сабах.

Баварците на Боде/Глимнт му испорачаа пет гола во второто полувреме. Серијата ја отвори Мусијала, ја продолѓија Кејн и Дејвис, а со два гола за затвори Олисе.

Јунајтед против Сабах мечот го реши во првиот дел кога стрелци беа Куња, Фернандеш и Шешко, а во вториот дел погоди и Лисандро Мартинез.

Комо со победа дебитираше не само во Лигата на шампионите, туку воопшто во европските купови. На брегот на најпознатото езеро во Италија настрада Лајпциг. Комо предводен од Хрватот Батурина победи со 4:1.

Батурина го постигна првиот гол по 15 минути игра, а во 38-та миу асистираше на Дувикас. Во 54-та Диао му донесе недостижна предност на Комо. Србинот Максимовиќ намали во 58-та,а точка на мечот стави Пероне во 91-та минута.

Најголемата драма во ова првот коло се случи во Прага. Славија во нестварен финиш загуби од Ленс со 2:3. Домаќините од 47-та минута играа со фудбалер помалку, но првиот постигнаа гол преку Штурм во 51-та минута.

Францускиот тим се врати во мечот со голот на Сима, но Штурм во 88-та и ја врати предноста на Славија.

Драмата кулминираше потоа кога Тован и Агилар со головите во 91-та и 93-та минута му ја донесоа победата на Ленс.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');