Двајца експерти за компјутерска форензика дошле до заклучок дека УЕФА ја монтирала снимката од спорниот пенал на Хулијан Алварез во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Навивачите на Атлетико не се задоволни од начинот на кој нивниот клуб беше елиминиран во осминафиналето на Лигата на шампионите од Реал Мадрид. По сега фамозното изведување пенали, судискиот тим предводен од Полјакот Марчинијак го поништи голот на Хулијан Алварез бидејќи Аргентинецот двапати ја допре топката пред ударот. Тоа беше клучниот момент, Атлетико беше елиминиран, но дилемата, големата дилема остана, дали судиите навистина постапија правилно?
Во бурните денови по натпреварот, УЕФА објави видео кое ја докажа исправноста на судиската одлука, за да ги смири страстите, но голем е бројот фудбалски фанови, пред се оние кои се навивачи на „Јорганџиите“, изразија сомнеж во официјалната верзија која беше сервирана. Во меѓувреме, големата база на навивачи на Атлетико започна своја истрага.
Претставници на Меѓународната асоцијација на навивачи на мадридскиот клуб се обратија до Европската лабораторија за компјутерска форензика и експерти од таа организација, со барање да ги анализираат снимките што УЕФА ги сподели како доказ.
Извештајот на експертите Педро Тубио и Хозе Луис Ривас е јасен во заклучоците – УЕФА ја монтирала снимката!
„Видеото обезбедено од УЕФА не е оригиналното видео снимено од камерата бидејќи откривме визуелно клонирање во одредени сегменти од видеото, одредени промени во низата на слики и целосно отсуство на звучна содржина“, велат овие експерти.
Еден од споменатите, Хозе Луис Ривас, беше гостин во редакцијата на мадридскиот весник „Марка“, каде уште еднаш го потврди она што го заклучил по деталната анализа на видеото од пеналот.
ATENCIÓN. Apareció el video con el que los árbitros tomaron la decisión de anular el penal de Julián Álvarez. "Aunque fue mínimo, el jugador hizo contacto con el balón con el pie de apoyo antes de patearlo", comunicó UEFA. pic.twitter.com/HvB7tUt4oZ
— Pablo Giralt (@giraltpablo) March 13, 2025
„Резултатот се доказите што постојат, но исто така, во овој случај, не го сакам фудбалот. Но, дури и да навивам за некој од тимовите, нашата анализа ја базираме на доказите и доаѓаме до едно: дека видеото е монтирано“, рече тој.
Хозе Луис вели дека во процесот на анализа на видеото, фокусот не бил на тоа дали Алварез ја допрел топката двапати пред ударот, туку дали некој монтирал одредени секвенци во видеото.
„Нашиот начин на работа со сите клиенти е ист. Се прави прелиминарна анализа за да се утврди дали има смисла она што клиентот сака да го постигне. Тоа ни помага да ја формираме цената на нашата услуга и да му кажеме на клиентот дали воопшто треба да продолжи.”
Следно, овој експерт наведува одредени спорни детали кои ги забележале при анализата на видеото.
„Анализиравме различни точки. Првиот беше метаподатоците, кои беа избришани. Тоа не значи ништо бидејќи тоа е видео од датотека објавена на Интернет. Значи, во овој случај, тоа не е важно, но ни дава клучни информации што ни кажуваат дека постојат различни типови на кодирање, па системите за уредување кои би можеле да ни го кажат тоа. Нема пореметување или ако е предвидливо во видеото на УЕФА нема ентропија, а ова е показател дека нешто чудно се случува, многу е веројатно дека е рафинирано“.