Top Sport

(Видео) УЕФА му ја одзеде акредитацијата на новинар од Косово

Косовскиот новинар Арлинд Садику повеќе нема да известува од Европското првенство. УЕФА му ја одзде акредитацијата, откако тој ги провоцираше српските навивачи.

На натпреварот помеѓу Србија и Англија, Садику застана пред трибината на која беа српските навивачи и со рацете им го покажа двоглавиот орел.

Србија го пријави косовскиот новинар, а УЕФА донесе одлука да го отстрани Садику од турнирот, јавуваат албанските медиуми.

Scroll to Top