Top Sport

(Видео) Ултрасите на Милан со своите тела испратија порака до американските газди

На денот на натпреварот со Монца, во последното коло од сезоната, најстрасните навивачи на Милан организираа низа перформанси и протести против актуелните газди.

Со недели, ултрасите на „росонерите“ изразуваат незадоволство од лошите резултати на тимот, кој, на крајот, ја заврши сезоната без изборено место во европските купови.

Во саботата навечер, тие отидоа уште подалеку во својот бунт, ги радикализираа своите постапки.

Пред да се упати кон стадионот, голема група навивачи отидоа пред административната зграда на клубот, останаа таму некое време и побараа оставка од претседателот Гари Кардинале и неговите луѓе од администрацијата.

Оттаму маршираа кон „Сан Сиро“.

Најдоброто беше оставено за крајот на протестот, ултрасите на Милан напишаа порака „одете си дома“ со своите тела на нивната трибина и останаа во таа формација неколку минути.

Потоа ги вклучија светлата на своите телефони за пораката да биде повидлива. По 20 минути, како што најавија во деновите пред натпреварот, го напуштија стадионот и ги оставија „играчите, тренерот и администрацијата сами со својот срам“, како што ја опишаа својата постапка.

Милан ја победи Монца со 2:0 со голови во второто полувреме.

Scroll to Top