Top Sport

(Видео) Уругвај го освои третото место на Копа Америка

Уругвај го освои третото место на Копа Америка благодарение на победата против Канада по изведувањето пенали.

Регуларниот дел заврши со резултат 2:2. Уругваецот Родриго Бентакур прв погоди во осмата минута, но Канаѓаните направија пресврт со головите на Исмаел Коне во 22. и Џонатан Давид во 80. минута.

Луис Суарез најпрвин израмни во 92. минута и избори пенали за својата репрезентација. Таму го погоди решавачкиот пенал откако за Канада промашија Коне и Алфонсо.

Селекторот на Уругвај, Марсело Биелса изјави дека јужноамериканскиот тим одиграл многу под своето ниво.

„ Канада беше посвежа, моите играчи беа уморни. Знам дека овој турнир дојде по долга сезона и заморот влијае на играчите, но мислев дека со нашиот тим можевме да одиграме малку подобро отколку што одигравме“, изјави Биелса.

Бранителот на титулата Аргентина и Колумбија во текот на ноќта од недела кон понеделник ќе го играат финалето на Копа Америка во Мајами.

Scroll to Top