Хал и Лидс одиграа 0:0 во 7.коло во Чемпионшип дивизијата. Епилогот можеше да биде поинаков доколку Адама Траоре во претпоследната минута не промаши празен гол.
Напаѓачот од Мали се изрезили за цел живот. Во 89.минута пред себе имаше празен гол, но тој од пет метри успеа да ја погоди стативата.