Top Sport

(Видео) Онана ја презеде вината за поразот во Минхен

Баерн Минхен го победи Манчестер јунајтед со 4:3, во првото коло во Лигата на шампионите. Победата на Баерн ја најави лошата реакција на голманот Андре Онана во 28.минута. Камерунецот призна дека тој е главниот виновник за поразот на „црвените ѓаволи“ во Минхен.

„Почнавме многу добро, но по моја грешка изгубивме контрола врз играта. Беше тешка ситуација за нас, особено за мене бидејќи јас бев тој што го изневери тимот. Тимот беше добар. Не го добивме овој натпревар поради мене. “, изјави камерунскиот голман и додаде:

„Искрено, мојот почеток во Манчестер не е толку добар, не е каков што сакам. Играв како што играв и го имав еден од најлошите натпревари досега. Тешко ми е кога губам бидејќи имаме големи амбиции, ние сме голем клуб и сакаме да освоиме се. Тоа беше голема можност за нас да се вратиме од ситуацијата во која бевме“, изјави Онана.

Scroll to Top