Top Sport

(Видео) Ваков гол ретко се гледа – Магија на Доминик Балард

Иако сезоната низ Европа штотуку започна, веќе добивме еден од кандидатите за наградата „Пушкаш“.

Во натпреварот од 2. коло од англискиот Чемпионшип, Бирмингем и Бристол, видовме чиста мајсторство во режија на Доминик Балард.

Напаѓачот на гостинскиот тим успеа да ја смести топката во мрежата со удар со петица што ги побива сите закони на физиката.

Дојдовниот центаршут од левата страна не беше добар и Балард тргна во спротивна насока од противничкиот гол за да стигне до топката.

И потоа успеа да ја шутне топката толку силно со петица и да ја промени насоката на таков начин што таа заврши во блискиот агол на сензационален начин.

Голот беше за 2:1 за Бристол, а натпреварот заврши 2:2.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');