Top Sport

(Видео) Ваков меч ретко се гледа – Лион од 1:4 до 5:4 против Монпелје, Лаказет и Вахи со четири гола

Александер Лаказет постигна гол од пенал во 99. минута за да го комплетира неверојатниот камбек на Лион за 5:4 победа над Монпелје, иако домаќините губеа со 1:4 по еден час игра.

Лаказет ги донесе Лион во водство во 31. минута од мечот, но домаќините потоа доживеаја вистински колапс. Елје Вахи успеа да им даде четири гола на домаќините – прво два гола во една минута (40. и 41. минута), во 53. минута од пенал и во 55. минута за 1:4

Лаказет во 59. минута намали на 2:4, Дејан Ловрен во 70. минута им даде надеж дека е можен камбек, за Лаказет и по третпат да биде стрелец во 82. минута за израмнување. На крајот, поранешниот напаѓач на Арсенал во 99. минута беше прецизен од белата точка во еден од најлудите мечеви оваа сезона.

Scroll to Top