Top Sport

(Видео) Вања одбрани пенал, Елмас одличен – Реми меѓу Наполи и Комо

Без победник (0:0) заврши дуелот од 10-то коло од Серија А помеѓу Наполи и Комо. Репрезентативецот на Македонија, Елиф Елмас играше од 37-та минута, кога влезе на теренот на местото на повредениот Били Гилмор. Одигра одлиќен натпревар, беше еден од најдобро оцентите играчи во редовите на Наполи.

Комо го имаше поседот на топката на почетокот, што е донекаде неочекувано, а потоа во 24-та минута, гостите добија пенал. Мората ја избегна офсајд стапицата, падна во шеснаесетникот по контактот со голманот ВањаМилинковиќ-Савиќ, а судијата покажа на пенал.

Мората ја презеде одговорноста, но неговиот удар српскиот голман го одбрани. Нестварно звучи податокот дека Вања Милионковиќ-Савиќ одбрани шест од последните десет пенали во Серија А. Во минатото коло одбрани пенал во Лече.

Наполи по првото реми оваа сезона остана лидер, со меч повеќе има 22 поени, Рома е на 21, следат Интер и Милан со по 18. Комо се наоѓа на петтото место со 17 поени.

Scroll to Top