Фудбалерите на Рајо Ваљекано и Мајорка, во драматичен натпревар ремизираа во Мадрид 2:2. Македонскиот репрезентативец Столе Димитиревски го одигра целиот натпревар за Рајо Ваљекано.
Радамел Фалкао му донесе бод на Рајо во 12. минута од судиското надополнување со гол од повторен пенал.
Домашните тргнаа брилијантно и поведоа во четвртата минута преку Алваро Гарсија.
Сепак, во продолжение Мајорка направи пресврт. Ведат Муриќ израмни во 44. минута, а Антонио Санчез во 59. минута постигна гол за 1:2.
Antonio Sanchez with a clever finish to give Mallorca the 2-1 lead against Rayo Vallecano away from home. ⚽️🇪🇸
What a pass from Sergi Darder for the assist. 🪄🇪🇸 https://t.co/W1XQMOEEnx
— LaLigaExtra (@LaLigaExtra) September 30, 2023
На крајот нападите на Рајо Ваљекано донесоа резултат, по ВАР проверката доби пенал, а Фалкао не го претвори во гол. Рајковиќ го прочита и го одбрани неговиот удар. Сепак, ВАР го повотри пеналот. Во вториот обид Колумбиецот беше сигурен и во 102. минута ги постави конечните 2:2.
Мајорка сега е 14. на табелата со седум бодови, додека Рајо е седми со 12 бодови.
⚽️ 🇪🇸 𝐆𝐎𝐀𝐋 | Rayo Vallecano 2-2 Mallorca | Radamel Falcaopic.twitter.com/44ci86RuSm
— FootColic ⚽️ (@FootColic) September 30, 2023