Top Sport

(Видео) ВАР поништи чист гол на Барселона

Барселона во Сан Себастијан го доживеа третиот пораз сезонава, втор во домашното првенство. Блауграна прв пат од почетокот на сезоната не успеа да постигне гол, поточно постигна но скандалозната одлука од ВАР собата и го поништи.

Роберт Левандовски во 13.минута го совлада Алекс Ремиро, судијата куадра Фернадез го призна голот, но тоа следеше интервенција од ВАР собата и голот беше поништен поради офсајд.

Видеото кое требаше да ја оправда судиската одлука излезе веднаш, осносно аудиториумот веднаш можеше да ја види грешката. Спорниот момент може да го видиѕе овде.

Имено, Левандовски беше во дуел со Агерд, полуавтоматскиот офсајд погрешно го препозна стапалото, односно стапалото на Агерд го карактеризираше како на Левандовски.

Инаку, Реал Сосиедад славеше со 1:0 со голот на Жералдо Бекер постигнат во 33. минута.

Scroll to Top