Top Sport

(ВИДЕО) Вардар се врати во Првата лига! Убедлив триумф против Скопје во баражот

Најтрофејниот македонски клуб Вардар по две години повторно е во Првата лига откако славеше убедлива победа од 3:0 над ФК Скопје на бараж натпреварот во Кавадарци.

Двоен стрелец за „црвено-црните“ беше Дарко Размоски. Тој го отвори резултатот во третата минута, а потоа зголеми и на 2:0 во 49.минута од мечот.

Скопје остана со фудбалер помалку во 35.минута кога Миле Тодоров доби црвен картон. Тој фрли факел од тревникот кон трибината на Комити, а судијата Александар Ставрев му покажа директен црвен картон поради неспортско однесување.

Дарко Глишиќ во 60.минута постигна гол од слободен удар. Тој ја смести топката во долниот десен агол од голот на Андреја Ефремов.

 

Scroll to Top