Top Sport

(Видео) Верона и Специја загубија, ќе играат бараж за опстанок!

Верона и Специја доживеаја порази во финишот на своите гостувања за да ја завршат сезоната во италијанската Серија А со ист број на поени, и ќе играат бараж за опстанок во лигата.

Верона прими два доцни гола за 3:1 пораз на гостувањето кај Милан, додека Рома со голот од пенал на Пауло Дибала, исто така во финишот на мечот победи со 2:1 против Специја.

Со победата Рома, заедно со Аталанта, која со 5:2 го декласираше тимот наа Монца, ги осигураа местата кои водат во Лига Европа, додека Јувентус и покрај 0:1 победата кај Удинезе е на седмото место, кое води во Конференциската лига Европа, доколку УЕФА не ги дисквалификува.

СЕРИЈА А, 38.КОЛО
Милан – Верона 3:1
Рома – Специја 2:1
Аталанта – Монца 5:2
Лече – Болоња 2:2
Удинезе – Јувентус 0:1

Standings provided by Sofascore
Scroll to Top