Top Sport

(Видео) Вест хем на врвот на Премиерлигата по победата кај Лутон

Првиот премиерлигашки меч на најмалиот стадион во лигата „Кенилворт роуд“ беше историски настан за сите навивачи на Лутон, но на крајот тие мораа да се помират со трет пораз на стартот на сезоната, овојпат со 1:2 од Вест хем, за да останат на дното на табелата.

Во исто време, „чеканите“ на Дејвид Мојс со три победи и едно реми, барем привремено се на првото место на табелата.

Лукас Пакуета во 37. минута од мечот фантастично му асистираше на Џеред Боуен за гостите да дојдат до водство, пред Курт Зума во 85. минута да зголеми на 0:2. Лутон успеа да намали на 1:2 со голот на Мадс Андерсен во 92. минута, но беше предоцна за целосен пресврт.

Standings provided by Sofascore
Scroll to Top