Естудијантес и Палмеирас ќе играат во финалето на Копа Либертадорес за оваа сезона.
Аргентинскиот тим го елиминираше Фламенго, актуелниот владетел на Јужна Америка, по подобро изведување на пенали.
Двата натпревари завршија 0:0, а херој на победата на тимот од Ла Плата е 40-годишниот голман Фернандо Муслера.
Уругваецот ги одбрани ударите на Жоржињо, Пакета и Енрике во пенал рулетот и го водеше својот тим до триумф од 3:2 и пласман во натпреварот за титулата.
🌎🇦🇷 ES UNA LOCURA LO DE FERNANDO MUSLERA
JORHINHO, PAQUETÁ Y BRUNO HENRIQUE
TRES PENALTIS ATAJADOS PARA METER A ESTUDIANTES EN LA FINAL DE LA COPA LIBERTADORES 🇺🇾🔥
— Ligas Top del Fútbol (@LigasTopFutbol) October 23, 2026
Ден претходно, Палмеирас го елиминираше Флуминенсе во бразилското полуфинале, иако загуби со 1:0 во вториот натпревар. Тимот од Сао Паоло го доби првиот натпревар со 3:0.
Естудијантес последен пат беше континентален шампион во 2009 година, а Палмеирас во 2011 година. Последните седум трофеи ги освоија тимови од Бразил.
