Виктор Осимен пристигна во Истанбул и веднаш е јасно дека ќе биде голем миленик на навивачите на Галатасарај.
Една од најголемите трансфер саги во преодниот период, го доби својот епилог. Виктор Осимен сепак ќе игра фудбал оваа сезона во Галатасарај.
Иако во последните денови од преодниот рок во Италија и поголемиот дел од Европа остана без трансфер во Челзи и Саудиска Арабија, а потоа Наполи му соопшти дека есенскиот дел од сезоната ќе го мине на трибините, Нигериецот успеа да најде ангажман.
На крајот ќе биде позајмен во Галатасарај, за голема радост на навивачите, кои го покажаа тоа кога слета во Истанбул.
Галатасарај ќе ја покрие целата плата од 10 милиони евра. Интересно, според договорот, Осимен може во јануари да го напушти клубот, доколку добие понуда од некој од 10.клубови кои фудбалерот ги навел во клаузулата.
Look how happy Osimhen is to join Galatasaray. He can’t stop smiling 😂❤️
— Janty (@CFC_Janty) September 3, 2024
🟡🔴🦁 Victor Osimhen ✖️ Galatasaray fans! pic.twitter.com/VdoRN91HF4
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 3, 2024