Top Sport

(Видео) Вилсон во судиското надополнување со два гола му пресуди на Брентфорд

Неверојаниот пресврт на фудбалерите на Фулам, во судиското надополнување, го обележа последниот натпревар од 10.коло во Премиер лигата. Фулам го победи Брентфорд со 2:1.

Победата на Фулам на „Крејвен Котиџ“ му ја донесе Хари Вилсон со головите во 92. и 97.минута. Вилсон мечот го започна како резерва, на теренот влезе во 82.минута.

Фулам со четвртата победа во сезоната се искачи на деветтото место со 15 бодови, Брентфорд со два бода помалку остана на 12.место.

Scroll to Top