Јувентус во 14. коло од италијанската Серија А забележа драмтична победа во Монца. „Старата дама“ ја запиша 10.победа сезонава и ја презеде челната позиција на табелата.
Душан Влаховиќ го обележа мечот во Монца, голманот Ди Грегорио му одбрани пенал во 11.минута, одбиената топка се врати кај напаѓачот на Јувентус, голманот на Монца го одбрани и тој обид, а третиот удар на Ваховиќ го изблокира еден играч на домашниот тим.
Од корнерот Јуве дојде до предност со голот на Рабио.
Во второто полувреме, вообичаено Јувентус максимално го намали темпото на натпреварот.
Монца не се предаваше и успеа да изедначи преку Карбони во 91.минута.
Сепак радоста на домаќините траше само три минути. Во 94.минута Рабио му асистираше на Гати, кој промаши од прва, но беше сигурен во вториот обид за конечни 1:2.