Неверојатен пресврт режираа фудбалерите на Палмеирас во бразилското дерби и останаа во трката за титулата. На натпреварот од 31.коло, против водечкиот Ботафого, Палмеирас губеше со 1:3 во 83. минута, се соочи со пенал од кој противникот можеше да дојде до нова предност од три гола. Ботафого не го искористи пеналот и не успеа да ја сочува предноста. Во трилер завршница фудбалерите на палмеирас постигнаа три гола и славеа со 4:3.
Едуардо, Че Че и Жуниор Сантос постигнаа три гола за Ботафого од 21. до 36. минута и на пауза заминаа со голема предност.
На почетокот на вториот дел Ендрик во 49. минута ја намали предноста на лидерот на табелата, а потоа следеше луда завршница.
Најпрвин Адриелсон беше исклучен за Ботафого во 76-та, а потоа Тикињо Соареш во 83-та имаше пенал за 4:1, кој го одбрани Вевертон. По нереализираниот пенал мечот доби друга димензија.
Ендрик ја намали разликата со својот втор гол во 84-та, а Хозе Лопез го израмни резултатот во 89-та, а во 99. минута од натпреварот, Мурило погоди за победа на палмеирас.
На табелата Ботафого со натпревар помалку има три бода повеќе од Палмеирас. До крајот на сезоната во Бразил остануваат уште седум кола.