Top Sport

(Видео) Возачот од Ливерпул обвинет за обид за убиство

Возачот кој синоќа со автомобил се заби во толпата навивачи за време на прославата на титулата на Ливерпул во центарот на градот, беше веднаш уапсен, а во вторник беше објавено дека ќе биде изведен пред суд под обвинение за обид за убиство, опасно возење и возење под дејство на дрога.

Вкупно 65 лица беа повредени, повеќето беа згрижени на местото на настанот, а повеќе од 50 лица беа примени во болниците низ градот. Едно од нив е дете и уште тројца возрасни со тешки повреди. Во вторникот, 11 повредени останаа на болничко лекување, сите се во стабилна состојба.

Полицијата и службите за итни случаи веднаш излегле на местото на настанот, возачот бил веднаш уапсен, а полицијата успеала да ги спречи разгневените граѓани сами да се справат со него.

Шпекулациите дека станува збор за терористички напад веднаш почнаа да се шират по социјалните мрежи, веднаш по инцидентот. Полицијата одговори со итно соопштение, пред доцната прес-конференција, во кое ги повика граѓаните да се воздржат од вакви шпекулации, дека уапсениот маж е Британец, белец на возраст од 53 години.

Помошничката началничка на полицијата во Мерсисајд, Џени Симс, објасни како дошло до целата оваа ситуација.

Уапсениот маж го искористил моментот кога сообраќајната блокада била запрена за кратко време, за да може брза помош да оди на улицата Вотер по повик дека едно лице имало срцев удар.

„Веруваме дека возачот на „Форд Галакси“, вклучен во овој инцидент можел да ја следи брзата помош низ привремено блокираната улица кога блокадата била расчистена за да може брзата помош да стигне до лицето кое доживеало срцев удар. Нема докази што укажуваат зошто се случил инцидентот“, рече Симс.

Scroll to Top