Фудбалскиот клуб Партизан се наоѓа во најтешкиот период. Црно-белите се еден од ретките клубови кои сезонава испаднаа од сите три европски натпреварувања, а единствениот кој не исфрли никого од своите противници на меѓународна сцена.
Синоќа, Партизан на домашен терен одигра 0:0 со Војводина во Супер лигата на Србија. Партизан во најголемиот дел од мечот беше во подредена положба, а од пораз го спаси голманот Јовановиќ со неколку врвни одбрани.
Јовановиќ минатата недела беше промовиран во нов капитен, откако претходниот Светозар Марковиќ го напушти клубот.
Капитенот беше во главна улога во првото полувреме кога тргна да се пресмета со соиграчот Аријага. Играчот од Хундурас со ношаналантната игра им овозможи чиста шанса на играчите на Војводина, но Јовановиќ успеа да одбрани.
Потоа имаше да му каже неколку работи на Аријага, со нешто погруб тон, на сличен начин му одговори играчот од Хонударас, а веројатно и физичка пресметка спречи дефанзивецот Нихад Мујакиќ кој успеа да ги раздели сограчите.
Јовановић и Аријага у жустрој расправи након дефанзивног пропуста целог тима и мртве шансе коју је одбранио!#partizan pic.twitter.com/03UqiUa035
— Partizan.net (@PartizanNet) September 1, 2024