Барселона го освои трофејот Жоан Гампер со победата од 4:2 над Тотенхем во пријателски натпревар. Во центарот на вниманието беше, фудбалерот роден во 2006 година, Ламин Јамал.
Јамал го режираше пресвртот во последните 10 минути од натпреварот. Тотенхем до 90.минута иамше предност од 1:2, со головите на Скип, за Барселона погоди Левандовски.
Јамл на теренот влезе во 80.минута, а 60 секунди подоцна му асистираше на Феран Торес за 2:2. 16. годишното момче ги започна акции за головите на Ансу Фати и Абде Езалзули 90. и 93 минута.
Шпанецот Јамал е по потекло од Мароко и Екваторијална Гвинеја и е дете на Барселона, а може да игра како десно крило, полу-шпиц или напаѓач.
Во април, Јамал стана најмладиот играч во историјата кој играл за Барселона. Тој во игра влезе во 83. минута од натпреварот од 32. коло на Ла Лига меѓу Барселона и Бетис (4:0) на 15 години, девет месеци и 16 дена.
Тој го собори рекордот кој 101 година го држеше Арманд Мартинез Саги, кој дебитираше за Барселона во 1922 година кога беше два месеци постар од Јамал. Јамал стана и петтиот најмлад играч во историјата на шпанското првенство.
Денеска каталонските медиуми пишуваат за Џамал и потсетуваат дека Лионел Меси имаше ваков настап во „Гампер“ уште во 2004 година против Јувентус.
Јамал е роден во 2006 година и наскоро ќе потпише договор до 2026 година.
Lamine Yamal vs Tottenhampic.twitter.com/wYW6C9tfWy
— Mati (@MoleiroRole) August 8, 2023