Top Sport

(Видео) Заир-Емери најмлад дебитант и стрелец во историјата на Франција

Foto/ EPA

Франција во претпоследното коло, во квалификциите за ЕУРО 2024 игра против Гибралтар. Во едно чудно полувреме, апсолутниот фаворит води со 7:0.

Полувремето кое започна со два авто-гола во првите пет минути, ја обележа младиот ас на ПСЖ, Заир-Емери. Со 17 години, осум месеци и 10 дена тој не само што стана најмладиот дебитант во историјата на Франција, туку и најмлад стрелец во историјата на националниот тим.

Во акцијата кога го постигна голот младиот фудбалер се повреди, поради грубиот старт на Сантос, кој доби црвен картон.

Веднаш потоа Мбапе постигна гол од пенал, а до крајот на полувремето по гол постигнаа Клаус, Коман и Фофана.

Scroll to Top