Top Sport

(Видео) „Затоа сите те мразат“

Натпреварот помеѓу Хетафе и Реал Мадрид беше тензичен, лидерот извојува минимална победа, а двајца домашни играчи добија црвени картони.

Оној од Ален Њом, кој францускиот дефанзивец го заработи за само 37 секунди, привлече посебно внимание.

Тој го удри Винисиус во лицето, кој почна да се превиткува и на тој начин го „принуди“ судијата да го исклучи дефанзивецот на Хетафе.

Во тој момент Бразилецот се доближи до тренерот на Хетафе, Хозе Бордалас и му рече: „Добра измена, добра“.

„Не мора да дојде и да ми каже колку добро правам измени, не мора да дојде и да провоцира“, рече Бордалас по натпреварот, лут и поради црвениот картон.

„Го слушнав четвртиот судија како вели дека ќе го исклучи. Беше блиску. И се согласувам дека фаулот беше претеран. Сериозен фаул. Но, сè лесно можеше да се реши со жолт картон, бидејќи Винисиус исто така претера. Едвај го допре по лицето. Неоправдано исклучување“, рече Бордалас.

„Затоа сите те мразат. Научи нешто од своите соиграчи“, му рече играчот на Хетафе, Хуан Иглесијас, на Винисиус по црвениот картон за Алекс Санкрис само седум минути подоцна.

„Ова се работи што остануваат на теренот, но има работи што не можат да се дозволат. А кога не се покажува почит, се случуваат вакви работи“, рече Иглесијас.

Да ве потсетиме, единствениот гол го постигна Килијан Мбапе (1:0).

Scroll to Top