Top Sport

(Видео) Заврши сезоната за Бојан Миовски

Репрезентативецот Бојан Миовски ја заврши сезоната. Напаѓачот на Абердин, беше жртва на бруутален старт на 18.годишниот Тери Смол, во 30.минута на натпреварот со Сент Мирен.

Абердин и Миовски се огласија по натпреварот. Добра вест е дека нема никаква скршеница, а магнетната резонанца ќе покаже колкав е степенот на повредата на лигаментите.

https://twitter.com/thesheep1903/status/1661459544201916424

Веројатно Миовски нема да биде во конкуренција за јунскиот квалификациски циклус, за пласман на ЕП. Македонија на 16 и 19 јуни ќе игра против Украина и Англија.

Scroll to Top