Top Sport

(Видео) Жестока тепачка на навивачите Црвена звезда со полицијата

Фото/ б92

Црвена звезда избори пласман во третото коло, во Лигата на шампионите. Очекувано српскиот шампион по победата 1:0, во Гибралтар на Линколн, славеше и во реваншот со 5:1.

Натпреварот во Белград имаше жестока увертира. Еден час пред почетокот навивачите на Црвена звезда, пред северната трибина се судрија со полициските сили.

„Крвави луѓе има насекаде. Пукаат топовски удари“, обајви „Спорт клуб“.

До пресметката дошло откако навивачите, поради актуелната ситуација во Србија и протестите кои траат девет месеци им скандирале на полицајците.

„Ги тепате луѓето за ситни пари, ги штитите крадците.“

Scroll to Top