Top Sport

(Видео) Жота со два гола по 90-та минута донесе победа за Ливерпул против Карлсруе во првиот тест

Ливерпул стигнаа до 4:2 победа против германскиот второлигаш Карлсруе во првиот летен тест за тимот на Јирген Клоп. Во комбиниран состав, со многу промени на играчите во второто полувреме.

Дарвин Нуњез имаше одлично отварање на мечот, кога веќе во 3. минута од мечот стрелаше по асистенција на Мохамед Салах, но Карлсруе успеа да направи пресврт. Ларс Штиндл во 39. минута израмни на 1:1, за Себастијан Јунг во 50. минута да го донесе германскиот клуб во водство. Коди Гакпо во 69. минута со прекрасен гол од свртување израмни на 2:2.

Кога изгледаше дека почетокот ќе биде со незгодно реми, на сцена стапи Диого Жота, кој стрелаше во 92. и 93. минута за 4:2 победа.

Scroll to Top