Top Sport

(Видео) Зидан во солзи откако стана патрон на организација за помош на деца со рак

Француската фудбалска легенда, Зинедин Зидан е нов амбасадор на француската фондација „Ле поинт рос“, која пружа поддршка на децата болни од рак, и при обраќањето не успеа да ги задржи солзите.

На прес-конференцијата во Истр, Зидан, кој честопати помага на повеќе добротворни организации, зборуваше за проектот за изградба на дом за стари лица каде што децата болни со рак ќе можат да живеат заедно со своите семејства.

„Горд сум што можам да го поддржам проектот. Господине градоначалник, и вие можете да бидете горди за овој чин. Ова ќе значи многу на семејствата“, вели Зидан.

Scroll to Top