Top Sport

Видиќ барал Фергусон да го пушти да оди да се бори на Косово?

Ерменскиот репрезентативец и фудбалер на рускиот клуб Урал, Вараздат Харојан вели дека негов најголем идол му е поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед, Немања Видиќ и тоа не само поради неговата пожртвуваност на фудбалскиот терен.

Во интервју за рускиот „Спорт24“, 27-годишниот Харојан вели дека почитта и поради неговата љубов кон својата татковина.

„Немања Видиќ е вистински пример за сите. Се сеќавам кога Сер Алекс Фергусон зборуваше за него и кажа дека Видиќ дошол кај него и барал да го пушти да оди да се бори за Србија на Косово. Не знам дали тоа е вистината, но таа приказна ми остана во умот. За фудбалските квалитети нема сомнеж. Знам дека играше во Спартак Москва и не би било лошо да го повторам неговиот пат“, вели Харојан.

Scroll to Top