Top Sport

Ловрен со порака за Бил Гејтс: Готово е, луѓето не се слепи!

Хрватскиот дефанзивец на Ливерпул, Дејан Ловрен заврши на насловната страница на „Дејли мејл“ откако влезе во напад на основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс и застана во добрана на теоретичарот на заговори, Дејвид Ајк откако Јутјуб ги отстрани неговите видеа од својата платформа.

Ловрен прво сподели видео на Дејвид Ајк, човекот кој покрај тоа што верува дека корона вирусот е предизвикан од 5Г мрежите, верува и дека светот го водат прикриени рептили, а сега му порача на Бил Гејтс: „Готово е Бил, луѓето не се слепи“.

Неговите размислувања не остана незабележани од англиските медиуми, кои се потсмеваат со Хрватот.

Scroll to Top