Top Sport

Видиќ: Најтежок ривал ми беше Дрогба, се „тепавме“ 90 минути

Немања Видиќ го прослави 37. роденден и се потсети на деновите кога заедно со Рио Фердинад бо сочинуваше најдобриот стоперски тандем во фудбалот. Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, ги демантира сите оние што тврдат дека најтешко у било кога против себе го имал Фернандо Торес.

„Торес успеа да ме надмудри на само еден натпревар. Згреѓив тогаш, бев нерешителен и тој го искористи тоа. Да тој влегуваше во шанси, но многу потешко беше да се игра против Дидие Дрогба, со него се ‘тепав’ 90 минути. Физички е супериорен. Кога станува збор за техниката, двајцата најдобри против кои сум играл се Серхио Агуеро и Луис Суарез“, рекол Видиќ.

Видиќ осум сезони играше за Манчестер јунајтед и со овој тим освоил пет трофеи во Премиер лигата и еден во Лигата на шампионите. Кариерата ја заврши во 2016 година, додека Дрогба иако има 40 години се уште е активно игра фудбал во екипата на Феникс Рајсинг.

Scroll to Top