Top Sport

Видиќ за Дејли Мејл: Носот може да се поправи, гордоста не

Легендата на српскиот фудбал и Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ, понудил неколку интересни одговори во интервјуто за „Дејли Мејл“.Србинот најмногу говорел за периодот од кариерата кој е поврзан со Манчестер Јунајтед.

На прашањето која му била „ѕвездата водилка“ низ кариерата, тој рекол:

„Гордоста. Носот кога ќе го повредите можете да го поправите, но доколку на некого му дозволите да постигне гол вашата гордост не може да биде поправена“, рекол Видиќ и дополнил.

„Доколку ја разгледате внимателно ситуацијата од тоа време ќе видите дека имаше играчи кои беа поголеми од мене, но јас одев со принципот дека доколку сакам да добијам дуел тогаш морам во него да влезам со 150 отсто од силите. Значи не 80 или 90, туку 150 отсто, а тука секако е и мојата ментална сила“.

Видиќ проговорил и за својот однос со легендарниот менаџер на Јунајтед, сер Алекс Фергусон.

„Во последните четири-пет години од кариерата многу патев. Финалето во Лигата на шампионите во 2008 година го играв повреден. Ферги ме праша дали сум подготвен, му реков дека ‘Се чувствувам помалку…’, а тој не ми дозволи да ја завршам реченицата и рече: ‘Играш’. Сер Алекс е човек за пример, кога ќе го погледнеш си велиш себе си дека таков сакаш да бидеш. Ја работеше својата работа лесно, а во споротот зборот ‘лесно’ е најтешката работа“, заклучил Видиќ.

Scroll to Top