Top Sport

Виера донираше 250 ајпади во старски домови во Ница

Легендарниот француски фудбалер, актуелен тренер на прволигашот Ница – Патрик Виера донираше 250 ајпади на старски домови во градот на Азурната обала.

Тој смета дека ова е вистинската помош за најстарите, за да останат во контакт со најблиските.

Екс-фудбалерот на Кан, Милан, Јувентус, Интер, Манчестер Сити кој светска слава стекна во дресот на Арсенал на кормилото на Ница е од летото 2018 година. Првата тренерска работа му беше во САД, во тимот на Њујорк Сити.

43-годишниот Французин е роден во Дакар. За „триколорите“ одигра 107 меча, а за „топчиите“ настапи на 270 натпревари.

Scroll to Top