Top Sport

Де Брујне: Короната ја прележавме по дома!

Фудбалската ѕвезда на Манчестер Сити, Кевин Де Брујне кој имаше одлична сезона пред пандемијата на коронавирусот да ги стопира сите спортски натпреварувања, смета дека тој и неговото семејство го прележаа вирусот по дома, уште тој официјално да ја блокира Велика Британија.

Белгиецот за тоа нема потврда, но смета дека симптомите кои сите во неговото семејство ги имале се токму такви како што се манифестираат при Ковид 19.

„Тргна на почетокот, веднаш откако во Британија беше прогласен карантин. Траеше долго, 8 или 9 дена. Почна кај нашиот помал син, потоа кај постариот, па кај мојата сопруга и на крајот кај мене. Не можам да тврдам затоа што никој од нас не е тестиран, но факт е дека ги имавме симптомите, а вирусот се пренесуваше од еден на друг. За среќа, оздравевме, се извлековме. Последните 2 недели сме навистина добро. Се навикнавме на живот во изолација“ – раскажа Де Брујне.

Инаку, во Велика Британија има преку 110.000 заразени и над 15.000 починати од опасниот вирус.

Scroll to Top