Менаџерот на Кристал палас, Патрик Виера го потврди интересот за фудбалерот на Јувентус, Арон Ремзи, фалејќи го како „навистина силен играч“ кој ќе има опции во текот на зимскиот преоден рок.
Поранешниот фудбалер на Арсенал веќе не е редовен првотимец во Торино и Јувентус се обидуваат да го продадат во јануарскиот преоден рок, посебно бидејќи неговата годишна плата од 7 милиони евра е една од највисоките во клубот, а покрај тоа има договор до 2023 година.
Ремзи наводно веќе одбил трансфери во Барнли и Њукасл, но Палас, предводен од легендата на Арсенал, Виера може да биде попривлечна опција.