Top Sport

Виера: Не би можел да ги одбијам Арсенал

Патрик Виера потврдува дека би бил заинтересиран да стане тренер на Арсенал, доколку тие се решат да го ангажираат фудбалерот кој помина девет години во северен Лондон.

„Топчиите“ се без постојан тренер откако го отпуштија Унаи Емери по падот на 10. место на табелата во Премиер лигата, и во моментов Фреди Љунгберг е преоден тренер. Виера, кој е тренер на францускиот клуб Ница, вели дека тешко би одолеал да добие таква понуда.

„Не можете да го игнорирате клубот каде што поминавте девет години. Во моментов сум фокусиран на новиот проект на Ница, се чувствувам добро тука и среќен сум. Работиме на засилувања на тимот“, изјави 43-годишниот Виера по 4:1 победата на Ница над Мец.

Ница неодамна ја купи англискиот милијардер Сер Џим Ретклиф и најавени се големи инвестиции во фудбалери и во инфраструктура. Засега, тие се само на 12. место во Лига 1, со само пет поени од топ 3 пласман.

Виера одигра 279 натпревари за Арсенал од 1996 до 2005 година, а претходно работеше како тренер во Њујорк сити од 2016 до 2018 година.

Scroll to Top