Top Sport

Рублев се намачи со локалниот херој Квинци

Првиот носител Андреј Рублев беше апсолутен фаворит за победа над Џанлуиџи Квинци, Италијанецот кој со вајлд-карта настапува на „Некст џен“ финалето во Милано, но на крајот требаше добро да се испоти пред гласната публика во Милано.

Рублев на крајот стигна до 1:4/4:0/4:3(3)/0:4/4:3(2) триумф во мечот во пет сета со чуден формат до четири освоени гема, за да го стартува турнирот со победа, исто како Кореецот Хјеон Чунг кој во четири сета беше подобар од Денис Шаповалов.

Во групата Б, Данил Медведев го доби руското дерби против пријателот Карен Хачанов, а Хрватот Борна Чориќ во три сета експресно го „прегази“ Американецот Џаред Доналдсон.

ГРУПА А

Чунг (Кор) – Шаповалов (САД) 1:4/4:3(5)/4:3(4)/4:1

Рублев (Рус) – Квинци (Ита) 1:4/4:0/4:3(3)/0:4/4:3(2)

ГРУПА Б

Медведев (Рус) – Хачанов (Рус) 2:4/4:3(6)/4:3(3)/4:2

Чориќ (Хрв) – Доналдсон (САД) 4:3(2)/4:1/4:3(5)

Scroll to Top