Кристијан Бобо Виери откри дека е импрсиониран од голманот на Милан и француската репрезентација, Мајк Мењан. Францускиот голман блескаше во вторникот против Наполи, во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите.
„Мејњан вреди 200 милиони евра! Тој е вистински феномен. Кога сте на стадион, имате впечаток дека никогаш нема да му дадете гол. Го ставам на листата на големи шампиони во историјата на фудбалот. Ако тој да не беше повреден, Милан ќе имаше 10-12 бода повеќе во Серија А“, рече Виери.
Најскапиот голман во историјата на фудбалот во моментов е Кепа Аризабалага. Шпанецот беше купен од Челзи за 80 милиони евра од Атлетик Билбао. По него на оваа листа следи Бразилецот Алисон за кого Ливерпул на Рома и плати 62,5 милиони евра.
Меињан започна во ПСЖ, кој во 2015 година го пушти во Лил бесплатно, а Милан го донесе шест години подоцна за само 15 милиони евра.