Top Sport

Виери: Меси е фудбалскиот Хари Потер

Легендарниот италијански фудбалер Кристијан Виери верува дека финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина ќе биде врвен спектакл.

Зборувајќи на „Fanatics Fest“ во Њујорк, Виери истакна дека Шпанија игра препознатлив стил со децении на кој е тешко да се парира, но дека Аргентина има играч во своите редови кој може да го промени текот на секој натпревар.

„Шпанија секогаш игра добро. Можеш да ги победиш, но никогаш нема да играш подобро од нив. Тие имаат свој начин на игра веќе 25 години и многу е тешко да ги победиш. Но, од друга страна, го имаш најдобриот играч на светот. Магионичар. Хари Потер на фудбалот. Тој измислува нешто ново од натпревар во натпревар, а има 39 години, што е неверојатно“, рече Виери и додаде:

„Тој е неверојатен. Фантастичен. Најдобриот на сите времиња. Феноменален. Она што го направи против Англија. Тој едноставно ги уништи. Тој е толку добар.“

Големото финале е закажано за Њу Џерси во недела во 21:00 часот.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');