Кристијан Виери еден од најдобрите напаѓачи во својата генерација во сезоната 1997/1998 беше член на Атлетико Мадрид. Во Мадрид се задржа една сезона, а потоа се пресели во Лацио. Две децении подоцна Виери раскажал интересна анегдота од периодот кога играше во Атлетико.
Пред натпреварот во Купот на УЕФА Виери на тогашниот претседател Хесус Хил му порачал дека доколку постигне хет-трик против ПАОК очекува да му биде подарен автомобил „Ферари 550 Маранело“.
„Преку Паоло Футре кој на претседателот Хил му беше омилен играч му порачав дека доколку постигнам три гола очекувам да ми го подари тој автомобил. Футре по разговорот со Хил ми кажа дека доколку го направам тоа автомобилот ќе биде мој“.
„Се сеќавате на тој гол, речиси од корнер знаменцето. Целиот свет се восхитуваше и го гледаше тој гол, но никој не знаеше дека за тој гол добив Ферари“, рекол Виери.
Инаку во тоа време автомобилот вредеше 200.000 евра. Виери сезоната ја завршил како најдобар стрелец во Ла Лига, на 24 натпревари постигнал исто толку голови.