Лусијано Вието вчера од Атлетико Мадрид пристигна во Фулам, каде оваа сезона ќе играч. Аргентинецот реши на интересен начин да им се претстави на навивачите.
Вието на официјалната промоција се појави со маска на Зоро, во чест на сонародникот Факундо Сава кој во минатото играше во Фулам. Сава, секој гол за Фулам го прославуваше со маската на Зоро.
Вието, викендов, ќе дебитира за Фулам на натпреварот против Кристал Палас.